Екипите на Денвер и Феникс го сочинуваат првиот полуфинален пар во Западната конференција од НБА плеј-офот.

Ова е исходот по синоќешните одиграни четвртфинални дуели во кој Никола Јокиќ со нов трипл-дабл од 28 поени, 17 скока и 12 асистенции заедно со Џамал Мареј кој постигна со 35 поени го предводеа Денвер

од триумф над Минесота со 112-109,  со што „нагетси“ ја добија серијата со 4:1 во победи.

Нивниот полуфинален противник Феникс со ист резултат 4:1 во победи ја доби четвртфиналната серија против Лос Анџелес Клиперс.

Девин Букер со нова легендарна вечер во која постигна 47 поени, надополнети си 10 асистенции и 8 скока беше најзаслушен на триумфот на „Сонцата “ со 136-130.

Така во конференциското полуфинале Феникс ќе треба да ми се спротивстави на најдобриот тим на западот Денвер предводен од главниот конкурент за МВП признанието Никола Јокиќ.

Андреј Велјаноски