Екипите на Јанта волеј и Работнички Скопје, попладнево ќе го одиграат вториот натпревар од финалето во женскиот одбојкарски шампионат.

Актуелните бранителки на трофејот од лани Работнички Скопје, во денешниот меч влегува со предност 1:0 во победи откако го добија првиот меч со убедливи 3-0.

Имајќи го во предвид квалитетот на двете екипи, како и благата улога на фаворит на Работнички, и денеска може да очекуваме интересна одбојка.

Дали дуелот ќе биде неизвесен останува да видиме, но доколку сакаат да ги зголемат шансите за евентуален успех, домашните одбојкарките ќе мора да одиграат далеку подобро од првиот натпревар.

Натпреварот што ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе започне во терминот од 19 часот.

Потсетување дека, финалната серија се игра во три добиени натпревари.