Плеј-оф натпреварите секогаш носат интересни натпревари. Така се очекува да биде и на четвртфиналните пресметки во Втората кошаркарска лига, преку кои осумте екипи ќе се борат за двете места што водат следната сезона во повисок ранг на натпреварување, односно прволигашкото друштво.
Ако судиме според веќе одиграниот прв натпревар во кој Работнички поведе со 1:0 во победи против Охрид, тогаш сигурно дека и денешните три натпревари ќе донесат голема борба неизвесна кошарка.
Сигурно хендикеп се термините на одигрување на натпреварите, па вљубениците во кошарката ќе мора и да комбинираат во изборот на следење.
Два од трите денешни натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ
ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА
(1) ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ 2 18.00 часот
(3) СОКОЛИ – КУМАНОВО 19.00 часот
(4) АНГЕЛИ – ВОДНО САНС 20.30 часот
ВЧЕРА
(2) РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 74-68 (1:0 победи) реванш среда
Потсетување дека пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите што ќе остварат две победи. Реванш дуелите на програмата се на 26, а евентуалните мајсторки би се играле на 29 април. Во полуфинале ќе играат победниците од натпреварите (1 и 4) односно (2 и 3)