Ракометарите на Тиквеш се вратија на четвртото место на табелата откако вечерва во последниот натпревар од 11.коло од Супер лигата плеј оф го победија Бутел со 24:23. Дека натпреварот беше изедначен покажува и фактот дека резултатот дури 16 пати беше нерешен.

Првото водство со повеќе од еден гол го имаа гостите кога по 7:7 поведоа со 9:7. Тоа беше и единственото водство за Бутел во првиот дел, кое им припадна на домашните со 14:13. Во вториот дел Тиквеш поведе со 17:14, но гостите од Скопје со серија од 4-1 изедначија на 18:18, а потоа ја продолжија серијата до 7-2 и поведоа со 21:19. Но, до крајот на дуелот избраниците на тренерот Данило Брестовац, кои консолидираа редовите и со серија од 5-1 поведоа со 24:22, а бутелчани докрајот само го ублажија поразот.

Филип Николов од Бутел со 6 голови беше најефикасен, додека кај Тиквеш по пет голови постигнаа Страхиња Симиќ, Арнад Хамзиќ и Евгениј Темелкоски.

Табела: Вардар 33 бодови, Еурофарм Пелистер 33, Алкалоид 27, Тиквеш 14, Охрид 12, Бутел 10 Еурофарм Пелистер 7, Пролет 6.

Поради настапот на македонската репрезентација првенството ќе биде во прекин до 7.мај кога се игра дербито Е.Пелистер – Вардар.