Многу радости за екипата на Аз Алкмар која ја анулира негативата од 2-0, по првиот натпревар со Андерлехт, за по пенал рулетот да се пласираат во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА.
Почетокот на натпреварот беше одличен бидејќи Аз Алкмар фуриозно го врати резултатот, до посакуваните 2-0 со головите на Вангелис Павлидис во 5-минута од пенал, односно 13-тата .
До крајот на регуларните 90 минути се делеа само жолти картони бидејќи Андерлехт одлично се бранеше. Во дополнителните 30 минути се беше „иста песна“, АЗ напаѓаше, а Андерлехт умешно се бранеше.
И по продолженијата, немаше промена на резултатот, па во пенал рулетот, повеќе среќа и нерви имаше тимот на Аз Алкмар. Трагичари за Андерлехт беа Вертонген и Сардела чиј удари австралискиот голман Метју Рајан ги одбрани, па домашниот тим заслужено победи реализирајќи 4 наспроти 1 на на Андерлехт, па со конечни 4-1 на пенали се пласира во полуфиналето.
Во полуфиналето АЗ Алкмар го чека победникот од дуелот Гент – Вест Хем.
Андреј Вељаноски