Oд очај до сјај, Рома со судни маки дојде до продолженија, а потоа го наполни голот на Феeнорд и славеше со конечни 4-1, на тој начин анулирајќи ја негативата од првиот натпревар.
Тактичко надмудрување помеѓу Мурињо и Слот му припадна на далеку поискусниот, Жозе Мурињо.
По првиот дел во кој не видовме речиси ништо, следуваше продолжување во кој видовме се, голови, караници, возбудување и среќен крај за Рома.
Спинацола во 60 минута го отвори резултатот и ја анулираше негативата од првиот натпревар.
Феенорд дојде до изедначување и голема радост за нивните навивачи со што имаше резултат кој ги носи понатаму.
Меѓутоа кога се чинеше дека Холанѓаните најдоа лек за играта на Жозе, Пауло Дибала покажа за каков мајстор се работи и со одличен удар донесе предност од 2-1 и го однесе натпреварот во продолженија.
Во продолженијата Рома покажа моќ и со два гола, најпрвин на Ел Шерави во 101 и Пелегрини во 109 донесоа ерупција на преполниот ,,Олимпико”
Рома во полуфиналето ќе игра против Баер Леверкузен.