,,Старата дама” го преживеа Спортинг Лисабон и успеа да се пласира во полуфиналето од Европа Лига.
Во еден динамичен натпревар со многу тензија искуството на Макс Алегри и неговите избраници беше пресудно па Јувентус се радуваше на крајот.
Адриан Рабиот со гол во деветатта минута донесе водство за неговиот тим. Сепак Французинот само десет минути подоцна направи грешка кога недозволено стартуваше по што Спортинг доби пенал. Истиот го реализирана Маркус Едвардс во 20 минута и донесе изедначување.
До крајот и двата тима имаа свои шанси но мрежите мируваа за на крајот Старата Дама со вкупни 2-1 да слави победа.
Со оваа победа Јувентус се пласираше во полу-финалето каде што ќе игра против Севиља, која го посрамоти Манчестер Јунајтед.