Иако најмлада сепак неможе да се каже дека Конференциската Лига не успеа да не разочара во нокаут фазата и оваа сезона. Рулетот за третото на пирамидата натпреварување на УЕФА започна минатата недела, а ќе се дознае денеска кои ќе бидат „добитниците“ на полуфинале.
Андерлехт можеби е тотално разочарување во Белгиската лига, но затоа ги „испоти” АЗ Алкмар и ги победи во Белгија со 2-0. Холанѓаните играат променливо, но сите нишани ќе бидат спремни за да стигнат до полуфинале.
Фиорентина пак издоминираа во Позњан против Викторија и со победа од 4-1 вечерва во Фиренца имаат само технички да си ја завршат работата и да се пласираат во полуфиналето.
Дербито кое ни беше доделено од ждребот Ница и Базел нè разочара минатата недела со резултат од 2-2. Вечерва Французите кои што глава неможат да дигнат од повреди, ќе се обидат да ги спречат на сите начини Швајцарците да влезат во полуфинале.
Вест Хем константно разочарува оваа сезона, но по ремито со лидерот во Премиер лигата Арсенал покажаа дека имаат тим кој има муниција и можат да се борат со екипа од секој квалитет. Гент извлече реми минатата недела во Белгија, ама на Лондон Стадионот Вест Хем е фаворит и против најсилните екипи.
Беше пречекана со скептицизми но Конференциската лига досега нема разочарано со квалитетот на фудбал кој го нуди секој четврток, па така се очекува и утре да ги расположат најсилните фудбалски фанови.
Андреј Вељаноски