Актуелниот првак на Европа ќе гостува на „Стемфорд Бриџ“ во вториот натпревар од четвртфиналниот дуел меѓу Челзи и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
„Сините“ од Лондон во првиот натпревар со пораз од 2:0 го напуштија „Сантијаго Бернабеу“.
Шпанскиот голман во редовите на Челзи смета дека доколку во овој натпревар играат подобро во нападот и одбраната имаат шанси за полуфинале.
„Пред нас е голем натпревар. Нема да биде лесно. Потребно е да покажеме подобра игра од натпреварот на Бернабеу, подобро да го контролираме натпреварот и да креираме повеќе прилики за постигнување погодок. Не ни треба перформанс на нашите животи, ние треба да го покажеме она што го знаеме и да ги направиме“,
вели Кепа Аризабалага.
Голманот на Челзи во минатите сезони беше втора опција за повеќето тренери во сенка на Едуар Менди, кој оваа сезона се здоби со тешка повреда. По повредата на Менди, Кепа доби шанса да брани на поголемиот дел од натпреварите во оваа сезона.
„Оваа сезона е многу позитивна за мене, минатите две сезони играв 15 натпревари по сезона, но сега играм многу повеќе од тоа. Генерално не играме сјајно сезонава, но персонално мислам дека играм одлична сезона во која најважно од се е што уживам на теренот. Не размислувавме многу на пенали, се фокусиравме на други аспекти за овој натпревар. Но ако стигнеме до пенали мислам дека имаме фантастични изведувачи во нашиот тим така да тоа не би било проблем за нас“ , додаде Кепа.
Натпреварот Челзи – Реал Мадрид започнува вечерва во 21:00 часот.
Марио Петровски