Актуелниот лидер на табелата и фаворит за шампион во италијанската Серија А лига, екипата на Наполи не успеа да победи пред своите навивачи.

На „Стадион Диего Армандо Марадона“ во Неапол двата тима освоија по еден бод откако натпреварот заврши без голови 0-0.

Се изигра прилично досаден натпревар, во кој доминираше Наполи со посед на топка, но и двете екипи успеа да шутнат вкупно 3 пати кон гол, така што обете голмански мрежи останаа недопрени.

Најголемата шанса дојде од Осимен кој во во 83 минута ја пречката и не успеа да го реализира својот 22 погодок во италијанската лига.

Сепак табелата во Серија А останува непроменета. Наполитанците остануваат на првата позиција со 75 бодови, додека Лацио е зад нив со 61, осум повеќе од Рома и Милан кој ги држат третата и четвртата позиција.