Натпреварот меѓу Баер Леверкузен и Унион Сент Жилоа, прв од четвртфиналето во Лигата на Европа, заврши со реми од 1-1.
Прилично изедначен натпревар од самиот старт, во кој шанси имаа двете екипи заврши без победник.
Екипата на Баер имаше контрола и посед на топка, создадоа повеќе шанси натпреварот, но на крајот немаа доволно „муниција“ за да издвојат победа.
По прилично израмнето прво полувреме, во вториот дел први поведоа гостите со голот на Бонифаце во 51-минута.
Иако изгледаше дека имаат контрола на натпреварот, во 82-минута Флориан Вирц го постигна голот за израмнување и донесе значајно „реми“ пред вториот натпревар.
Реваншот на програмата е нареден четврток со почеток од 21 часот.
Андреј Вељаноски