Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е четвртиот патник во полуфиналето од плејофот на женското кошаркарско првенство на Македонија.

Актуелните победнички во купот, кошаркарките на МЗТ, ја добија мајсторката против Вардар, со 82-63,  во четвртфиналната рунда и се пласираа меѓу четирите најдобри.

Уште еден интересен натпревар одиграа овие две екипи во кој, првиот период им припаднаа на гостинките од Аеродром со 26-23, а вториот го добија вардарки со 18-14, за на полувреме домашниот тим да замине со поен предност 41-40.

Серијата од 11-0 на стартот на второто полувреме по кое аеродромки поведоа со +10 (51-41), предност која вардарки не успеваа никако да ја анулираат, па дури на крајот на третата четвртина сино-белите имаа и +14 (66-52). Така последниот приод беше само чиста формалност, по кој МЗТ Скопје Аеродром со конечни 82-63 го добија натпреварот, а со 2:1 во победи и серијата.

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром во полуфиналето ќе игра против Баскет Кам, додека во второто полуфинале ќе се сретнат актуелните шампионки кошаркарките на Бадел и екипата на Струга.

И полуфиналната серија што започнува по празниците, ќе се игра во два добиени натпревари.