Реал Мадрид со триумфот од 2:0 над Челзи на „Сантијаго Бернабеу“, чекори кон полуфиналето во Лигата на шампионите и одбраната на титулата.
Натпреварот почна во знак на гостите од Лондон, кои ја имаа првата шанса уште во 2-та минута преку одличниот контранапад, кој не успеа да го реализира Жоао Феликс. Потоа Реал Мадрид ги презема работите во свои раце и беше постојана закана кон голот на Челзи.
„Сините“ од Лондон успешно одолеваа на нападите на Реал се до 21-та минута, кога на додавање на Винисиус, Карим Бензема го постигна првиот гол на натпреварот.
Набрзо, по голот на „кралевите“, избраниците на Лампард во 23-та минута имаа одличната шанса да го израмнат резултатот преку Рахим Стерлинг. На одмор се замина со резултат 1:0.
Реал Мадрид рутински го одигра второто полувреме. Во 59-та минута Челзи остана со играч помалку по прекршокот од зад грб на Бен Чилвел, спречувајќи го Родриго да излезе “еден на еден” со Кепа Аризабалага.
Надмоќната игра на „кралскиот клуб” по црвениот картон, резултираше со втор гол во 73-та минута. Голот го постигна нововлезениот Асенсио, кој по втората асистенција на Винисиус биеше во долниот десен агол. Реал рутински одиграа до крајот на натпреварот и во Лондон ќе патуваат со предност од два гола.
Реваншот на „Стамфорд Бриџ“ ќе се одигра во вторник, по лигашите обврски, во кои Реал му гостува на Кадиз, додека Челзи на домашен терен ја пречекува екипата на Брајтон.
Марио Петровски