Најдобриот фудбалер на Наполи, Виктор Осимхен поради повреда ќе го пропушти првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Милан, објави претседателот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис.
Осимхен пред неколку недели го повреди мускулот додека настапуваше за репрезентацијата на Нигерија, а во Серија А ги пропушти натпреварите против Милан и Лече.
„Виктор нема да може да игра. С
е надеваме дека ќе биде подготвен за реваншот што ќе се игра на нашиот стадион“,
изјави Де Лаурентис.
Осимхен сезонава одигра 29 натпревари за Наполи во сите натпреварувања и постигна 25 голови.
Натпреварот меѓу Милан и Наполи ќе се игра вечерва од 21 часот.