Вечерва не очекува интересен натпревар во Манчестер, каде во рамките од четвртфиналето ќе се сретнат екипите на Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Двете екипи се едни од главните фаворити за освојување на ова натпреварување. Во составот на Гвардиола се враќа Халанд, кој викендов ни покажа дека е „гладен“ за голови.
За Тухел ова ќе е прв натпревар на клупата на Баерн во Лигата на шампионите и не ја криеше неговата мотивираност.

„Очигледно сум многу мотивиран. Немаш толку често шанса да играш во четврт-финалето на Лигата на шампионите, јас сум целосно свесен за тоа. Треба да го дадам мојот апсолутен максимум и тоа е доволно“, изјави тренерот на Баварците, Тухел.

Од друга страна Гвардиола кој три сезони беше предводник на Баварците, добро ја познава филозофијата на Баерн и без разлика кој е на нивната клупа знае дека ќе биде тешко.

„Со Тухел можеби ќе направат нешто ново. Ќе се обидеме да го откриеме квалитетот што го имаат во сите редови. Ќе беше тешко да се игра со Баерн и со Нагелсман и со Тухел. Не обрнуваме многу внимание, ќе се фокусираме на она што треба да го подобриме за да бидеме подобри“, изјави Гвардиола на официјалната прес конференција.

Првата мега пресметка на Манчестер Сити и Баерн започнува од 21 часот.

Филип Василевски