Само уште натпревар, два, остануваат до крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. 

Од синоќешните пет кои се играа, најважен беше оној во Солт Лејк Сити, каде Јута ја пречека екипата на Оклахома. Дуел кој директно решаваше за влез во плеј-инот им припадна на гостите со 114-98. 

Со оваа победа Оклахома и теоретски го отпиша составот на Јута од плеј-инот, за кој на „Тандерси“ потребна им е победа во последниот меч на домашен терен против Мемфис или еден пораз на Далас. 

Дончиќ и Ирвинг мораат да ги добијат последните два меча и да се надеваат дека Оклахома нема на направи изненадување во мечот со второ пласираниот тим на западот Мемфис.

Тимот на Феникс пак предводен од Кевин Дурант и Крис Пол славеше победа над најдобриот на западот Денвер со 119-115. Дурант средбата ја заврши со 29, а Пол постигна 25 поени, за седма последователна победа на „Сонцата“ со која дефинитивен се пласираа во пле-офот.

На останатите натпревари, Орландо загуби од Кливленд со 94:118, Мајами славеше на гостувањето кај Филаделфија со убедливи 129:101, а во најнеизвесниот натпревар Сан Антонио го победи Портланд со 129:127.