Со победата над Вардар Неготино ракометарите на МРК Куманово се вратија на првото место на табелата во Супер лигата – плеј аут. Кумановчани го совладаа противникот со 31:22. Неизвесноста траеше само до средина на првиот дел и при резултат 7:7 домашниот тим направи серија од 5-0 за водство кое на крајот се покажа решавачко. Никола Бечајац и Немања Ѓурашковиќ со по 6 голови беа најефикасни, додека кај Вардар Неготино ист број голови постигна Ѓорѓи Ташев.

На вториот натпревар одигран вечерва Струга го совлада тимот на Јуниор Кисела Вода со 30:25.

На вчера одиграните натпревари: Радовиш – Скопје 2020 24:29 и Голден Арт – Прилеп 31:23.

Табела: МРК Куманово 19 бодови, Голден Арт 18, Прилеп 14, Скопје 2020 12, Струга 12, Вардар Неготино 10, Јуниор Кисела Вода 7, Радовиш 2.