Македонската репрезентацијата на Македонија за играчи до 17 години и се реваншира на Ромјанија.

По поразот пред два дена со 2-3, избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, попладнево во вториот меч одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски” крај ФФМ славеа минимална, но заслужена победа со 1-0.

Стрелец на единствениот, победнички гол за Македонија, беше Никола Стојковски на стартот на 54-тата минута, кој по уфрлувањето од десната најдобро се снајде во шеснаесетникот на Романците.

Тоа се покажа како решавачки момент на натпреварот, па нашите млади фудбалери заслужено се радуваа на победата.