Екипата на Ангели убедливо забележа победа над Шкупи со 26 поени разлика во воведниот натпревар од 20 коло на Втората машка кошаркарска лига.

На средбата одиграна попладнево во скопската Општина Кисела Вода, гостите од Чаир беа рамноправен противник само во воведните 5.минути која домаќинот со серија 13-3 во 8.мимута за прв пат имаше двоцифрена предност +12 (23-11). Втората ,,Ангелите” ја добија со осум плус и веќе на полувреме имаа високи +17 (47-30).

И во второто полувреме Ангели продолжија во ист ритам за највисоки +32 во 33.минута, за на крајот да слават со конечни 91-65.

Со оваа победа, Ангели сега е на третото место на табелата, но само до одигрувањето на дербито меѓу Вардар и Работнички, по кое без разлика резултатот тимот од „Градски парк“ ќе се врати на третата позиција бидејќи има една победа повеќе.

Покрај Вардар и Работнички чиј дуел започнува од 20 часот, денеска се играат и средбите, Црн Дрим – МЗТ Скопје У.Б. и Борец Баскет – Соколи, додека преостанатите два натпревари на програмата се утре. Охрид – Куманово и Водно Санс – Баскет Кам.