Младата македонска фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година е поразена од Летонија во контролен натпревар.
Нашите младинци како дел од подготовките за евро-квалификациите во Анталија имаат три контролни натпревари. Првиот, попладнево, го загубија од Летонија со 3-0.
Иако нашата селекција имаше повеќе од играта во првото полувреме, сепак во самиот финиш, односно 45-тата минута Артјом Пузиревски и донесе предност на Летонија.
Во вториот дел, избраниците на Драги Канатларовски се обидеуваа да стигнат до израмнување, но двете кардинални грешки на нашите фудбалери ги чинеше два гола, кои го постигна Кристофер Рекис првиот во 69-тата, а вториот во 82-та минута за конечни 3-0 за Летонија.
Задутре (сабота), црвено-жолтите ќе го одиграат вториот контролен натпревар против Финска, а серијата ќе ја заокружат со дуелот против Словачка закажан за во вторник (15 часот).