Норвежанецот Ерлинг Халанд влегува во историјата на фудбалската Лига на шампиони.
Напаѓачот на Манчестер Сити постигна 5 гола во реванш осминафиналниот дуел со со Лајпциг и стана само третиот фудбалер во ова натпреварување кому му успеало тоа.
Прв кој успеа да стигне до бројката од 5 голови на еден меч беше Лионел Меси и тоа во 2012 година, кога со Барселона славеше победа над Баер Леверкузен со 7-1.
По Меси тоа му испеа на Бразилецот, Луис Адриано, кој постигна пет гола во победата на Шахтјор во дуелот со Бате Борисов 7-0.
Штета што Пеп Гвардиола се речу да го повлече Халанд од игра во 60-тата минута од натпреварот, па со тоа можеби да го оневозможи Норвежанецот и да го мине пуленот на Пеп, Лионел Меси.
Сигурно дека овој потег на шпанскиот стратег деновиве ќе биде многу негативно коментиран пред се од медиумите во Англија.