Првиот од двата дерби дуели што го носи воведното коло од продолжението на сезоната во женскиот ракометен шампионат меѓу Вардар и Металург заврши со нерешен резултат 25:25.

Натпреварот стартуваше со цврста одбрана на двете страни и голема борба за секоја топка, а имаше и супер неизвесна завршница. 

Во текот на првиот дел, домаќинот беше рамноправен противник до 5-тата минута се додека кога резултатот гласеше 5:5.

Гостинките со два гола во низа поведоа со а 7:5, за да стигнат и до највисоки +5 (8-13), но на полувреме екипата од Автокоманда замина со четири гола предност (16:12)

На самиот стартот на вториот дел Металург повторно дојде до пет гола предност 17-12. Но, вардарки предводени од голманката Јована Трајковска во 45.минута дојдоа до израмнување (19:19).

Во завршницата се играше гол за гол. Драмата заврши на 3.секунди пред крајот кога репрезентативката Ива Младеновска се обиде да погоди победа, но домашната голманка Јована Трајковска успеа да го одбрани нејзиниот удар и да му донесе нерешен резултат на својот тим 25-25.

Во редовите на вардарки најефикасни беа Ивона Трпевска со 8 и Сара Стефаноска која постигна 4 гола, додека кај гостинките Ива Младеновска постигна 8, а Марија Гугуљанова 7 гола.

Со по 13 бодови металург и Вардар се на второто и третото место зад лидерот Ѓорче Петров кој утре гостува во Битола, а пред Куманово и Чаир екипи кои имаат бод помалку.

Кумановки денеска го надиграа Овче Поле со убедливи 14 гола разлика

ПЛЕЈ-ОФ ЛИГА 1 КОЛО:
ДЕНЕСКА
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 25-25
КУМАНОВО – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 34-20
УТРЕ
ЧАИР – СТРУЖАНКА 13 ч.
ПЕЛИСТЕР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 18 ч.

ТАБЕЛА
1. ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 18 бодови
2. МЕТАЛУРГ 13
3. ВАРДАР 13
4. КУМАНОВО 12
5. ЧАИР 12
6. ПЕЛИСТЕР 2012 3
7. СТРУЖАНКА 3
8. ОВЧЕ ПОЛЕ С.У. 3