,,Старата Дама” го преброди поразот од Рома и вечерва на домашен терен во Лигата на Европа со минимални 1-0 го совлада германскиот претставник, Фрајбург, предност која ќе треба да ја брани на гостувањето за седум дена.
Стрелец на победничкиот гол за домаќините беше Анхел Ди Марија, кој го искористи одличното додавање на Филип Костиќ и со прецизен удар со глава во 53-тата минута го совлада противничкиот голман. Аргентинецот игра во одлична форма па по хет-трикот против Нант со кој до донесе Јувентус до 1/8, на добар пат е да му помогне на својот тим во борбата за титула во Лигата на Европа.
Гостите од Фрајбург десет минути по голот на Ди Марија успеаја да го совладаат полскиот чувар на голот на Јувентус, Шчесни, но голот беше поништен поради игра со рака.
До крајот на натпреварот, Јувентус мудро ја чуваше предноста па со минимални 1-0 ќе патува на реванш натпреварот, кој се игра за седум дена на 16 март во 18:45