Вечерашното реми без голови во Лондон ни го донесе четвртиот тим, кој се пласираше во четврт-финалето на Лигата на шампионите, а тоа е италијанскиот Милан.

Дуелот што мина без посериозни шанси за гол на двете страни го одбележаа три моменти.

Првиот во 77-та минута кога домашниот стопер Ромеро доби втор жолт картон по што „Спарси “ останаа да ја „бркаат“ негативата со 10 играчи.

Најголемите возбудувања ги видовме во третата минута од судиското дополнение, кога прво обидот на Хари Кејн гостинскиот голман Мињон го одбрани на самата гол линија, а во контра нападот што уследи, Ориги ја погоди стативата од голот на Тотенхем.

Резултатот остана оној почетниот, 0-0, па Милан ја сочува минималната предност од 1-0 остварена на првиот меч на домашен терен и се пласира во четвртфиналето.

Милан меѓу осумте најдобри е по пауза од 11 години кога последен пат играа против Барселона.