„Нероаѕурите“ го преброија поразот од Болоња во претходното коло и со сигурни 2-0 против Лече на домашен терен се вратија на победничките патеки.
Резултатот на натпреварот го отвори ерменскиот репрезентативец, Мхитерјан, кој во 29-тата минута по додавањето на Барела, со одличен шут од работ на шеснаесетникот го совлада противничкиот голман.
Предноста ја удвои аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез, кој во 53-тата минута по одлична комбинација со Думфрис си создаде шанса за шут, по што со маестрален удар по втор пат го совлада голманот, Фалконе.
За Аргентинецот ова е 14 гол оваа сезона што го прави втор стрелец во лигата, каде лидер е напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен со 19 погодоци.
Интер со оваа победа го искористи киксот на градскиот ривал, Милан, кој вчера доживеа пораз на гостувањето во Фиренца, па сега ,,Нероаѕурите” се осамени на втората позиција со 50 освоени бода, 15 помалку во однос на лидерот Наполи, а два повеќе во однос на третопласираниот Лацио и три во однос на Милан.