Фудбалерите на академија Пандев не ми дозволија на актуелниот шампион Шкупи да избие на првото место на првенствената табела. 

На натпреварот од 21.коло во Првата фудбалска лига „Пандевци“ со гол во последните мигови извлекоа „реми“ 2-2 во дуелот со Шкупи.

Супер интересно прво полувреме се одигра во Кичево, каде љубителите на фудбалот имаа можност да видат дури пет гола.

Серијата ја отвори интернационалецот од Јамајка, Реналдо во 14-минута за водство на Шкупи од 1-0. Следуваше првиот пресврт. Со головите на Крстевски (27) и Руфати, екипата на Академија Пандев поведе со 1-2.

Но, голеадата тика не заврши. Интернационалците од Сенегал и Алжир, Мамаду Данфа и Хамиди повторно му донесоа предност на Шкупи со головите во 37-та, и четвртата минута од судиското дополнение (45+4). 

И во второто дел возбудувањата не изостанаа. Се редеа шанси на двете страни, но гол немаше се до 91-та минута кога Трајков го постигна израмнувачкиот погодок за конечен 3-3. 

Со овој резултат и само едниот освоен бод, Шкупи останува на втората позиција на табелата со бод помалку од лидерот Струга Трим Лум екипа која во оваа рунда е слободна. 

Во вториот денешен натпревар одигран во Велес, Работнички како домаќин го совлада Скопје со 4-0. 

Утре (од 14 часот) на програмата  се преостаната три средби, а двојките се:БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
ПОБЕДА – СИЛЕКС
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ