Во рамките на ЕХФ неделата, македонската женска ракометна репрезентација е во Анкара, каде против соодветната селекција на Турција игра два пријателски, контролни натпревари

Првиот од двата натпревари против Турција, нашите ракометарки го загубија минимално со 25-24. Речиси во текот на целиот меч ре играше израмнето за што говори и резултатот на полувремето на кое домаќинките заминаа на одмор со два гола предност 13-11.

Вториот дуел со Турчинките, црвено-жолтите ќе го играат задутре (во сабота) со почеток од 15 часот.

Овие пријателски, се добра можност за селекторот Љубомир Савевски да ја провери формата во кој се ракометарките, а воедно треба да послужат за воигрување на репрезентацијата пред важните бараш мундијалски натпревари со Украина.

Дуелите против Украинките преку кои ќе се брка пласман на Светското првенство што годинава ќе се одржи во Данска, Норвешка и во Шведска, нашите ракометарки ќе ги одиграат на 8 април во Скопје и 11 април во унгарскиот град Кишварда.