Еден од позначајните настани пристојното лето ќе биде и машкото Европско одбојкарско првенство чиј еден од ко-домаќините ќе биде и нашиот главен град, Скопје.
Европската одбојкарска федерација денеска ги објави цените за картите на во групата во која репрезентацијата на Македонија за противници ќе ги има Полска, Холандија, Чешка, Данска и Црна Гора.
Цената на дневна карта е 8 евра, а доколку сакате да ги гледате сите пет натпревари на македонските репрезентативци, за тоа задоволство ќе треба да одвоите само 30 евра.
Доколку сте пасиониран љубител на одбојката, и сакате да ги гледате сите 15 натпревари што ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, ќе ве чинат 50 евра.
натпреварите во „скопската“ група на Европскиот шампионат за одбојкари ќе се играат во периодот од 30 август до 6 септември.