Екипата на Струга Трим Лум одигра без голови во дуелот со Македонија ЃП во воведниот меч од 20-коло на ПМФЛ. Стружани може да жалат и тоа многу имајќи во предвиде дека не реализираа два удари од белата точка.

А, за тоа се погрижи гостинскиот голман Христијан Стевковски, кој во двата наврати беше подобар од најдобриот струшки голгетер Бесарт Ибраими чиј прв удар во 35-та минута го одбрани, а во 52-минута топката заврши од стативата заврши во гол аут.

Тата лидерот на табелата Струга ТЛ втор натпревар освојува по само еден бод, што пак им дава шанси на конкурентите да го загрозат неговото прво место.

Тоа веќе утре ќе може да го стори актуелниот првак Шкупи доколку победи на гостувањето кај Силекс во Кратово. Во тој случај Чаирчани би избиле на првото место на табелата со бод повеќе од Струга ТЛ.

Покрај дербито во Кратово утре од 14 часот на програмата се и преостанатите три средби: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА, РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА и СКОПЈЕ – ТИКВЕШ.

    TАБЕЛА     
1 СТРУГА Т.Л. 39
2 ШКУПИ 37
3 ШКЕНДИЈА 28
4 ТИКВЕШ 27
5 СИЛЕКС 26
6 БРЕГАЛНИЦА 22
7 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 21
8 РАБОТНИЧКИ 21
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 15
10 ПОБЕДА 13
11 СКОПЈЕ 12