Македонскиот интернационалец Иван Тричковски со својата екипа АИК Ларнака ќе игра против англискиот претставник Вест Хем во осминафиналната рунда на третото по квалитет европско клупско натпреварување Конференциската лига.

нај атрактивната двојка во осминафиналето ја сочинуваат Лацио и холандскиот АЗ Алкмар, а интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Базел и Слован Братислава екипи кои играа меѓусебно во групната фаза на ова натпреварување.

УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА  ЛИГА 1/8 ФИНАЛЕ
АИК ЛАРНАКА – ВЕСТ ХЕМ
ФИОРЕНТИНА – СИВА СПОРТ
ЛАЦИО – АЗ АЛКМАР
ЛЕХ ПОЗЊАН – ДЈУРГГАРДЕН
БАЗЕЛ – СЛОВАН БРАТИСЛАВА
ШЕРИФ ТИРАСПОЛ – НИЦА
АНДЕРЛЕХТ – ВИЉАРЕАЛ
ЗЕНИТ – ИСТАНБУЛ БАШАКШЕКИР

Првите натпревари на програмата се на 9-ти, а реванш дуелите ќе се играат на 16-ти март.