Вечерва Барселона ќе игра против Манчестер Јунајтед во второто коло од нокаут-фазата на Европа Лигата. По неверојатниот меч на „Камп Ноу“ што заврши 2-2, јасно е дека и вечерва на „Олд Трафорд“ нé очекува одличен натпревар.
На официјалната прес-конференција тренерот на Барселона, Чави со пофални зборови за противникот, но и голема верба во своите избраници.
„Не очекува тежок натпревар. Јунајтед е еден од најдобрите тимови во Европа и го покажуваат тоа секој меч. Тен Хаг прави одлична работа. Тие се тим кој покажуваат јак интензитет, ритам, менталитет и емоција. Мораме да се изедначиме со нив на секое ниво. Пред се треба да играме со менталитет кој припаѓа на Европа. Тоа е перфектната прилика да покажаме што значи да се игра за Барса. Ќе ја покажеме нашата најдобра верзија иако ни недостигаат играчи, но сигурен сум дека имаме тим кој е способен да помине во следната рунда“, изјави Чави.
Мега пресметката на Манчестер Јунајтед и Барселона ќе започне од 21 часот.