Македонската ракометарка Елена Ливриниќ денеска преку социјалните мрежи објави крај на својата кариера.

Таа тоа го направи како членка на унгарскиот клуб Сомбатељ, каде во текот на летото пристапи во клубот. Но, повредата беше причината таа да ја заврши спортската кариера.

Почетоците во ракометот ги имаше во ЖРК Металург, каде настапуваше до 2016 година и потоа ја почна интернационалната кариера. Најмногу настапуваше во екипи од Романија.

Три години го носеше дресот на Данибиус Галаци, а потоа во Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Слатина и Дева.

Ливриниќ беше и македонска репрезентативка и настпуваше на позицијата лев бек.