Тотенхем со убедлива победа од 2-0 против Вест Хем го задржа четвртото место во Премиер Лигата.

Во првото полувреме на „Вајт Харт Лејн“, двете екипи играа одлично во дефанзивата ,па до паузата немаше голови.

Тотенхем доминираше на овој меч со далеку повеќе шутеви кон гол во споредба со „Чеканите“.

Таа статистика ја оправда кога поведе со голот на Емерсон во 56 минута, за само 4-минути подоцна Сон по втор пат да го совлада Фабијански, поставувајќи го конечниот резултат на натпреварот.

Оваа победа е добре дојдена за Тотенхем, бидејќи следниот натпревар во 25 коло ќе го игра дербито против Челзи кој на последните четири меча во Премиер лигата нема победа.