На „Бриантео“  стадионот Милан славеше важна победа на гостувањето кај Монца со минимални 0-1.

Победничкиот гол за ,,росонерите” го постигна Бразилецот, Месиас кој  во 31-та минута  ја затресе противничката мрежа.

Милан се врати на победничките патеки и со втора победа по ред се изедначи со Интер на втората позиција  со по 44 бода.