Реал Мадрид потешко од очекуваното успеаја да ја победи Осасуна во натпревар од 22.коло на Ла Лига.

На средбата одиграна во Памплона, „Кралевите“ дури во второто полувреме го скршија отпорот на гостите од домаќините, па со головите на Валверде во 78-та и Марко Асенсио во втората минута од судиското дополнение (90+2) Реал славеше со 2-0.

Со новите освоени бодови, а вкупно 51, Реал сега е на пет помалку од водечката Барселона, која утре на „Камп Ноу“ го пречекува Кадиз.