Двајцата Македонски претставници во УЕФА Конференциската Лига, Енус Барди (Трабзон) и Иван Тричковски (АЕК Ларнака), остварија победи со своите екипи.
Трабзонспор на домашен терен минимално со 1-0 го совлада швајцарскиот претставник, Базел. Стрелец на победничкиот гол за Турскиот тим беше Стригер Ларсен во 65-тата минута.
Македонскиот репрезентативец победа ја проследи од клупата за резерви и не доби шанса за настап. Натпреварот го одбележа и спектакулраната кореографија на навивачите на Трабозон посветена на настраданите во силните земјотреси.
Иван Тричковски и неговиот АЕК Ларнака на домашен терен со идентичен резултат 1-0, беа подобри од Украинскиот Днипро, а победничкиот гол беше дло на Гарсија во 84-тата минута.
Поранешниот Македонски репрезентативец, Иван Тричковски доби беше стартер и играше до 65-тата минута.