Во Мароко, каде се одржува Светското клупско првенство, денеска на програмата последните два дуели, одној за 3.место и големото финале

Денешната програма во Рабат, ќе биде отворена со натпреварот за 3.место во кој победникот на Копа Либертадорес, бразилскиот тим Фламенго ќе игра со африканскиот вице-првак Ал Ахли од Египет. Натпреварот започнува во 16:30 часот.

Финалето, мечот за трофејот ќе се игра на стадионот „Мулеј Абдалах“.

Во него за прв пат ќе настапи една азиска екипа. Тоа е тимот на Ал-Хилал од Саудиска Арабија, инаку актуелниот Азиски првак, кој веќе направи големо изненадување елиминирајќи го во полуфиналето фаворизираниот Фламенго.

На спротивната страна е европскиот шампион Реал Мадрид. Шпанскиот тим ќе ја брка рекордна петта титула во ова натпреварување.

Ал Хилал ќе се обиде да спречи трофејот по 10-ти пат во низа да оди во Европа. Имено Коринтијанс е последната екипа надвор од Стариот континент каја успеала да триумфира во ова натпреварување и тоа во Јапонија 2012 година.

Реал Мадрид пак ќе се стреми да ја оствари 10 последователна победа на ова натпреварување. Последен пат „Кралевите“ не успеаја да победат во меч пред 23 години, кога Икер Касиљас, Фернандо Иеро, Роберто Карлос, Фернандо Редондо, Раул, Самуел Ето, во меч за 3.место одиграа нерешено со Некакса, а изгубија на пенал.

Ќе ја оправда ли Реал фаворитската улога или пак Ал Хилал може да направи ново големо изненадување останува да видиме по натпреварот чиј почеток е закажан за 20 часот.

Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.