Стефан Младеновски, 15-годишниот талент на Македонскиот фудбал, потпиша професионален договор со белградска Црвена Звезда.
Младеновски е роден во 2007 години и настапува на позицијата напаѓач. Пред да замине во Белград, Стефан настапуваше во Академијата на на Вардар.
Пред извесен период по понуда од Младинската Академија на Звезда ја промени средината, а со своите одлични игри и потенцијал го привлече вниманието на челните луѓе на „црвено-белите“ што му донесе и прв професионален договор.
Во текот на пролетта ќе настапува за селекцијата на „млади кадети“ на Црвена Звезда.
На промоцијата на Младеновски и потпишувањето на договорот, раководните лица на Звезда потенцираа дека од него очекуваат многу, а неговите настапи ќе бидат под будното око и на стручниот штаб на првиот тим.
За само два дена ова е втор Македонски талент кој потпишува за клуб од Балканот, откако Давид Ангелевски потпиша за Олимпија Љубљана.