Фудбалерите на Вадар ја забележаа и втората победа во подготвителниот период, пред стартот на вториот дел од сезонава во второлигашката конкуренција.

Откако пред четири дена ја наполнија мрежата на Тетекс (5-0), црвено-црните попладнево на Автокоманда славеа со 3-1 во дуелот против Скопје.

Стрелци на головите за Вардар беа Жоглев, Дошев и Десниќ.