Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, искусниот Кајри Ирвинг ќе му биде „партнер“ на Лука Дончиќ во тимот на Далас.

Ова пред малку го објавија бројни американски медиуми добро упатени во случувањата во и околу НБА тимовите.

Кајри пред неколку дена побара од Бруклин да го „трејдува“, а меѓу првите што изразија желба беше тимот на Далас.

Не е тајна дека Кајри веќе одреден период слабо комуницира со својот „досегашен“ најдобар соиграч Кевин Дурент, а токму тие двајцата сеуште ги одржуваа добрите резултати на „мрежичките“, кои е на високото четврто место во Истрочната конференција и повеќе од сигурно ќе обезбедат пласман во плејофот.

Ирвин не беше ниту во составот на Бруклин на синоќешниот натпревар против Вашингтон, а според пишувањата на „Блечер Репорт“, Кајри тоа време го минал во преговори со тимот на Далас.

Крис Хејнс репортерот на НВА ТВ, информира дека Кајри ќе биде „разменет“ во Далас за Дориан Фини-Смит и Спенсер Динвиди, како и првиот пик на НБА-драфтот во 2029 година. Според Хејнс, тимот на Бруклин иако сеуште се обидува да го разубеди Кајри, сосема извесна е реализацијата на овој трансфер, што би требало да се случи на 9 февруари.

Далас со Кајри и Лука ја добива сигурно насилната бековска линија во НБА, па тимот на Далас може да биде сериозен конкурент за највисок пласман, но прво ќе треба да го осигураат учетвото во плејофот, имајќи во предвид дека имаат само една односно две победи повеќе од останатите конкуренти за позициите што носат разигрување.