Данецот, Гидсел е најдобар стрелец и МВП
Светското ракометно првенство е зад нас. Данска е старо-новиот шампион, но Данците испиша историја освојувајќи ја третата во низа титула, со што станаа првата земја на која и успеало ова.
Што се однесува до индивидуалните признанија.
Данецот, Матијас Гидсел е ракометарот кој го одбележа шампионатот, а со своите 60 голови тој покрај признанието најдобар стрелец, заслужено беше прогласен и за „МВП“, најдобар играч на првенството.
Покрај Гидсел во „идеалниот тим“ е светскиот првак Данска го има и левиот бек Симон Питлик.
Пд двајца ракометари имаат и сребрените Французи и бронзените Шпанци и тоа, средениот бек Недим Ремили и кружниот напаѓач Лудовик Фабрегас, односно левото крило Анхел Фернандез и десниот бек Алекс Душебаев.
Утеха за кодомаќиниот Шведска која остана без медал, е признанието за Никлас Екберг кој е прогласен за најдобро десно крило, а Германците, Андреас Волф
Јури Кнор, ги понесоа признанијата за најдобар голман и млад играч.
Следното Светското првенство е по две години, а ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска.