Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и петнаесеттиот пораз во АБА лигата.
На гостувањето кај Студентски центар Дерби, аеродромци беа декласирани и на крајот може да се среќни што загубија само со 18 поени разлика 103-85.
Освен почетните 2-0, МЗТ во текот на целиот меч беше во негатива, и постојано го бркаше негативата, која во еден момент изнесуваше дури 25 разлика.
Речиси нема ништо што вредно за сѐ издвои од играта на сино-белите, па затоа само фактографски ќе наведеме дека Кафи и Мицовиќ со по 20 поени најефикасни кај МЗТ кој останува “закован” на дното на табелата.