Македонскиот првак, МЗТ Скопје Аеродром, попладнево го игра натпреварот од 17.коло во АБА лигата.
Аеродромци имаат тешко гостување кај црногорскиот претставник Спортски Центар Дерби, една од двете екипи над кои МЗТ ги победи досега.
Во дуелот од 4-тата рунда одигран кон крајот на октомври минатата година, МЗТ во „Јане Сандански“ славеше со 92-79. Но, од тогаш МЗТ успеа да слави само уште една победа, над Мега, по што следуваат деветте порази во низа (вклучувајќи го и поразот од Гостивар во домашниот шампионат).
Тимот на Дерби кој имаше три победи во низа, пред поразот во последниот натпревар од фаворизираниот Партизан, е во добра форма, па со 7 победи и 9 порази е на 7.место на табелата.
„Пред нас е исклучен важен натпревар во можеби клучниот дел од сезоната. Во ситуација сме кога секоја победа би ни била злато време, а особено ако е остварена на гостински терен. Против СЦ Дерби мора да го дадеме максимумот и да одиграме најборбено што може, од почетокот до крај. Само ако го сториме тоа, би можел да се надеваме на успех во Подгорица“, вели капитенот на аеродромци Дамјан Стојановски.
Ќе успее ли МЗТ да ја прекине низата порази и да се врати на победнички колосек останува да видиме по мечот што ќе започне-а од 19 часот.