Магда Линете од Полска и Арина Сабаленка од Белорусија изборија пласман во полуфиналето на првиот Грен слем трурнир во годината – Австралија опен што се игра во Мелбурн. Линете ја победи Каролина Плискова од Чешка со 2-0 во сетови во нешто поголема борба во однос на другиот четвртфинален меч. Полската тенисерка која се наоѓа на 45.место на ВТА листата првиот сет го доби со 6:3 во гемови, а во вториот сет Плискова водеше со 5:4 во гемови, но Линете направи брејк во 11.гем за водство од 6:5 и потоа сетот го доби за 7:5.

Сабаленка беше подобра од Дона Векиќ од Хрватска со 2-0 во сетови (6:3 и 6:2) и ја потврди фаворитската улога.

На програмата се и машките четвртфинални мечеви, а играат Шелтон – Пол и подоцна Ѓоковиќ – Рубљев.