Тренерот Николиќ бара помош од навивачите
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го игра натпреварот од 16.коло во регионалната АБА лига.
Противник на сино-белите е црногорскиот претставник Будуќност, тим кој речиси секоја сезона важи за еден од главните конкуренти за највисок пласман.
„Ни претстои тежок натпревар, против екипа која имаа одлични настапи во Еврокупот. Будуќност оваа сезона игра добро на домашен терен, што не значи, дека нема да даде се од себе, да го подобри ‘скорот’ на гостински терен. Предводени се од одличен тренер, кој веќе има освоено трофеј во АБА, а неодамна се засилија со двајца извонредни кошаркари. Ова не значи дека нема да се обидеме да го совладаме квалитетниот ривал, без разлика на ситуацијата во која се наоѓаме. Дуелот со Будуќност ни е трет оваа недела, откако по убедливиот пораз кај Партизан, одлично изреагираме во домашното првенство. Се соочуваме со повредени и болни играчи, но и покрај сѐ ќе снајдеме сили и ќе пробаме да дојдеме до посакуваната цел. А, за тоа ќе ни биде потребна и голема помош од трибините од наните верни навивачи“, изјави Александар Николиќ тренерот на МЗТ.
МЗТ е на последното место на табелата со само 2 победи и 13 порази, додека Будуќност е петти со ‘скор’ 9:6.
Натпреварот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе започне од 17 часот, а ќе може да го следите ВО ЖИВО на МРТ3 или ОВДЕ