Во најнеизвесниот натпревар на вечерта во НБА лигата, екипата на Вашингтон забележа победа во дуелот со Чикаго со 100-97. Во финишот на мечот Зек Лавин со тројка го израмни резултатот на 97-97, но на шест секунди до крајот Кајл Кузма врати на ист начин. Иако имаа напад за продолжение, Лавин не успеа да погоди, па „Визардси“ се радуваа на победата.

Во дербито, екипата на Бостотн забележа победа над Њу Орлеанс со 125-114.
Тандемот, Џејлен Браун и Џејсон Тејтјум беа незапирливи и заедно искомбинира повеќе од половината од поените на „Селтикси“. И двајцата средбата ја заврши со дабл-дабл учинок. Браун на 41 поен додаде 12 скокови, додека Тејтум имаше 31 поени и 10 скокови. Си Џеј Мекалум во поразената екипа беше најефикасен со 38 поени.

Денвер го декласира Феникс поразувајќи го со 29 поени разлика 126-97. Никола Јокиќ повторно беше најдобар кај „Нагетси“ со 21 поени, 18 скокови и 9 асистенции.

Иако Јанис Антетокуомпо постигна само 7 поени, Гркот имаше дабл-дабл во победата на Милвоки кај Атланта со 114-105. Антетокуомпо оствари 18 скокови и 10 асистенции, а беше еден од тројцата кај „Бакси“ во двоен ефект.