Македонската репрезентативка, Теа Терзиевска, а игра на надворешните позиции, се сели во Унгарија.
Теа која е родена 1999 година и е висока 181 сантиметри, се договори за трансфер во Дебрецин, а доаѓа од Турција, каде настапуваше за Ѓунсевен.
Македонката ја стартуваше сезоната во турскиот клуб, но двете страни спогодбено го раскинаа договорот пред крајот на декември. Претходно, Терзиевска беше дел и од Клопенберг (Германија), Марина Каштела (Хрватска), Зрењанин (Србија) и Форца (Македонија)
Теа е стартен член на репрезентацијата на Македонија, учествуваше на Медитеранските игри во Оран, Алжир, а се очекува да бидел дел од репрезентацијата и во претстојните предизвици