Двете навивачки групи на МЗТ Скопје и Црвена Звезда популарните ,,Фемили Аеродром” од една и ,,Делије” од друга страна се “закачија” за претседателот на МКФ, Перо Антиќ.
Антиќ кој е поранешен кошаркар на црвено-белите и голем навивач на овој клуб, го следеше натпреварот од првиот ред крај теренот.
Не е тајна, дека Антиќ, не е омилен кај ,,Фемили”, па во еден миг од натпреварот, двете навивачки групи, имаа своевиден вербален “судир”.
Веднаш крај Антиќ со своја порака се појави и популарниот Крсто, инаку економ во тимот на МЗТ Скопје.