По многу шпекулации, вечерва пристигна потврда за преселбата на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.

Португалецот потпиша за Ал Наср, медиумите пишуваат дека се работи за најбогатиот договор во светот на фудбалот и напаѓачот ќе заработува 200 милиони евра годишно (плата, плус спонзорски договори, плус имиџ права).

„Задоволен сум што ќе имам ново искуство во различно првенство и различна земја, визијата која Ал Наср ја има ме инспирира многу“, изјави Роналдо.

Како што пренесува за ,,СиБиСи Спортс”, а се повикува на блиски извори на клубот, Роналдо ќе има одврзани раце за се, па на шега во текстот се вели дека Ал Наср всушност ќе биде „Кристијано ФК“. Доколку искусниот голгетер побара нов тренер, тоа и ќе го добие.