Ракометнииот клуб Алкалоид денеска го претстави својот голем проект за развој на клубот кој ќе работи во спортската сала во Автокоманда која е реновирана и доградена според потребните стандардни а пред присутните беше промовирана и новата химна на клубот.

РК Алкалоид е релативно млад клуб во македонскиот ракометен спорт но со своите амбиции и инвестиции најавува проект кој може да му даде нов импулс на нашиот најтрофеен спорт кој е жеден за нови успеси особено на репрезентативен план.

Токму затоа подготвен е модерен дом кој ќе овозможи квалитетни тренинзи на сите категории кои треба да го вивнат клубот во врвот на македонскиот ракомет но и да подготвува репрезентативци за националниот тим .

Лидер на овој проект а македонската легенда, актуелен селектор и тренер во клубот Кире Лазаров.

На настанот беше промовирана и новата химна на клубот кој претендира да биде пример за развојот на ракометната игра не само во Македонија туку и во регионот за таа цел формиран е уште еден клуб Мулти Есенс во кој ќе настапуваат претежно ракометари од школата на Алкалоид а нов член на тренерската екипа е легендарниот Пепи Манасков кој досега работеше во РК Вардар.